Skip to main content
Балкан

Видео: Кенгур избега од зоолошката градина во Белград

09/03/2025  21:52

Кенгур успеал да го скрши стаклото од кафезот и да побегне од белградската зоолошка градина, но набрзо бил фатен.

На Инстаграм беше објавено видео на кое се гледа како кенгур бега, додека работниците неуспешно се обидуваат да го фатат.

На друго видео, пак, се гледа дека тој е фатен и вратен во кафезот.