
Водителката Ана Севиќ на социјалните мрежи објави како ќе изгледа вечерашната емисија Ѕвездите на Гранд.
Ана откри дека емисијата која ќе се емитува вечерва во 21 часот ќе биде посветена на Саша Поповиќ, основачот на „Гранд продукција“ кој не напушти минатата сабота.
Поповиќ беше погребан во четвртокот, а многу негови пријатели, колеги и соработници продолжуваат да му оддаваат почит и да ги искажуваат своите емоции поради неговото починување.
Една од оние кои имаа можност да соработуваат со него е пејачката и водителка Ана Севиќ.
Нејзината професионална врска со Поповиќ траеше со години – од моментот кога како млада пејачка се натпреваруваше во музичкото шоу, преку ангажманот во емисијата како водител, до актуелната сезона на Ѕвездите на Гранд, каде привремено ја замени Сања Кужет
Откако Гранд продукција го загуби својот основач и креативен директор, Ана Севиќ се огласи на социјалните мрежи.
Утре се ќе биде исто…но ништо нема да биде исто“ – напиша Ана во својата објава на Инстаграм.
Да потсетиме, Саша Поповиќ беше погребан пред два дена на Бежанијските гробишта.