
Поранешната манекенка и Мис Македонија, а денес водителка и дел од екипата на утринската програма на Канал 5, Вера Мештеровиќ, пред два дена имаше роденден, а токму вчеравечер реши да го прослави со најблиските!
Таа заедно со колегите од Утринската на Канал 5, вчеравечер се забавуваше во еден познат скопски ноќен клуб каде настап имаа дуото ДНК.
По фотографиите кои ги доби 24Инфо тие си поминале одлично, а славеничката како и секогаш изгледа беспрекорно, па не за џабе се уште го држи епитетот на една од најубавите Македонки!