Skip to main content
Спорт

Голем успех на Трајковски, го освои осмото место на ЕП во сала

08/03/2025  13:03

Андреас Трајковски го освои осмото место, во скок во далечина, на Европското првенство во сала.

На шампионатот во Апелдорн, Холандија, Македонија прв пат во историјата имаше финалист во една атлетска дисциплина.

Трајковски во квалификациите постави нов македонски рекорд, со прескокнати 7,85 метри. Во финалето, три пати престапи, имаше три успешни скока. Скокот од 7,65 му ја донесе осмата позиција.

Златниот медал во оваа дисциплина го освои Бугаринот Божидар Сарабојуков кој го освои златото со 8,13. Оваа далечина ја оствари во последната серија. За еден сантиметар тој беше подобар од Италијанецот Матија Фурлани и Лестер Лескар од Шпанија.

Среброто му припадна на Италијанецот кој имаше подобра серија, бидејќи Шпанецот имаше само еден успешен скок, а пет пати престапи.

Инаку, главниот фаворит, олимпискиот шампион Гркот Тедоглу не се појави во скок во далечина поради болест.