Skip to main content
Свет

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

08/03/2025  12:47

Повеќе од 35 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале две возила на австралиските вооружени сили (АДФ) во близина на Лизмор, во северниот дел на Нов Јужен Велс.

MK Summit

На местото на несреќата се распоредени 19 возила на брза помош, пренесува Гардијан.

Повредените се пренесени во болниците во Лизмор и Твид, а според информациите на полицијата на Нов Јужен Велс, до несреќата дошло кога две воени возила се судриле на околу девет километри југозападно од Лизмор.