Skip to main content
Свет

Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија

06/03/2025  12:20

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон за закана.

„Се разбира, ова е закана за Русија. Тој свикува состанок на началниците на генералштабовите на европските земји и Велика Британија тврдејќи дека е неопходно да се користи нуклеарно оружје подготвувајќи се за употреба на нуклеарно оружје против Русија, ова е, се разбира, закана“, рече Лавров на прес-конференција, пренесува РИА „Новости“.

Тој, исто така, ја нарече „нејасна“ изјавата на Макрон за неприфатливоста на капитулацијата на Украина.

Лавров изјави и дека испраќањето европски мировни сили во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против Русија.

„Овој план за испраќање мировници во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против нас“, рече Лавров во интервју за весникот на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.