Skip to main content
Свет

Германската пошта укинува 8.000 работни места

06/03/2025  12:24

Германската пошта (Deutsche Post)  денеска објави дека има намера да укине 8.000 работни места во Германија со цел да ги намали трошоците. Дојче пост вработува 187.000 луѓе во Германија, а 500.000 луѓе ширум светот работат за ДХЛ.

ДХЛ, логистичка фирма која е дел од Дојче пост, претходно најави дека сака да заштеди една милијарда евра структурни трошоци.

Минатата година нето добивката на ДХЛ падна за 9,3 отсто, на 3,33 милијарди евра.