Skip to main content
Хроника

Измамник од с. Лакавица доби кривична пријава за измама од 4.100 евра

05/03/2025  17:23

СВР Тетово поднел кривична пријава против М.И.(58) од с.Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во јуни и јули 2024 во негов продажен објект во Гостивар, пријавениот довел во заблуда едно лице од Кичевско дека до средината на септември ќе му набави и достави стока, за што му зел 4.100 евра, но до пријавувањето не го сторил ветеното.