Skip to main content
Хроника

Трагедија на автопатот Тетово-Гостивар: 81-годишна жена загина, 19-годишен возач приведен

04/03/2025  22:05

Денеска (04.03.2025) во 15:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.

Во несреќата учествувале патничко возило „Пежо“ со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В. (47) од Охрид, и патничко возило „Мерцедес“ со словенечки регистарски таблички, управувано од А.А. (19) од село Градец.

На местото на несреќата починала Д.М. (81) од Охрид, која била сопатничка во возилото „Пежо“. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Гостивар.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, исто така сопатници во „Пежо“, кои биле пренесени во Ургентниот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на несреќата извршиле екипи од ОВР Гостивар и јавен обвинител. По негова наредба, 19-годишниот возач А.А. е лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.