Skip to main content
Музика

Денот пред финалето на Звездите на Гранд, Саша Поповиќ дознал дека е тешко болен

04/03/2025  15:32

Саша Поповиќ, основачот на „Гранд“ и еден од највлијателните луѓе во музичката индустрија, почина на 71-годишна возраст, по битка со тешката болест. Поповиќ водеше жестока битка со една од најопасните болести, рак на желудникот за која откриле во мај минатата година на само еден ден пред финалето на ЗГ.

Како што објавија медиумите, Поповиќ го посетил лекарот за да му го замени гипсот на ногата, и се пожалил за повремени болки во стомакот. По рутински преглед, му била дијагностицирана тешката болест И покрај најлошите вести што ги добил, Поповиќ се појави на финалето на Звездите на Гранд само еден ден подоцна, а по загрижениот израз на лицето и неговиот нетипичен тивок став веќе можело да се навести дека нешто сериозно не е во ред со него.

Пред студиото Гранд во Кошутњак бил донесен од возач кој му дал патерици и му помогнал да излезе од возилото. Кога излегол од автомобилот, постојано гледал во подот и не им кажал ниту збор на насобраните новинари. Тој во текот на фианлето се трудел да ја сокрие загриженоста и да ја одржи атмосферата на највисоко ниво што и му појде од рака. Навистина се радуваше на победата на Шејла Зониќ како што го правеше тоа и кај сите претходни победници, пишува Пинк.рс.

После финалето тргна во жестока борба со опасниот непријател но за жал најтажните вести стигнаа на 01.03.2025 година.

Познатото: Оди понатаму, понатаму оди….“ последен пат го слушнавме на 9 ти јуни минатата година.