
Поднесена е кривична пријава против две лица против 38-годишниот К.А. и 31-годишниот А.И. двајцата од с.Дебреште поради кражба и бесправно исечени дрва.
„На 14.11.2024, полициски службеници пред с.Рилево, запреле патничко возило „форд транзит“ кое го управувале пријавените без согласност на сопственикот, при што било констатирано дека вршат транспорт на бесправно исечени дрва, кои потекнувале од државна шума и за кои не поседувале соодветна документација“, соопштуваат од МВР.