Skip to main content
Свет

Се повлекува познатата „Дубаи чоколада“ од БиХ

03/03/2025  15:15

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина соопшти дека од пазарот се повлекуваат „Дубаи“ чоколатцата, произведени во Турција, откако потрошувач пријавил дека во едно од нив пронашол штраф.

Според агенцијата ФЕНА, спорниот слаткиш припаѓа на брендот „Roso Bjanko Dubai чоколада“ и се продава во самопослужни апарати за топли и ладни напитоци. Овие апарати се во сопственост на компанијата Пиксел од Цазин, која е задолжена за дистрибуција на производот.

Надлежните институции ги повикаа потрошувачите на претпазливост додека трае процесот на повлекување на чоколатцата од пазарот.