Skip to main content
Спорт

Наваро со 6:0, 6:0 го освои турнирот во Мерида

03/03/2025  12:28

Американската тенисерка Ема Наваро го освои турнирот во Мерида, на апсолутно доминантен начин.

Наваро во големото финале со 6:0, 6:0 ја совлада колумбиската тенисерка Емилија Аранго по 55 минути игра.

Американката влезе во овој меч како голем фаворит, особено ако се земе во предвид дека тоа беше дуел меѓу 10. и 133. тенисерка на на ВТА листата, но никој не очекуваше ваков исход.

На крајот од мечот Аранго имаше вкупно еден гем/брејк топка во сите 12 гејма, кои за жал не ги искористи.

23-годишната Наваро стана петтата тенисерка од 2000 година која освоила ВТА турнир без загубен гејм.

Пред неа тоа го направија Марион Бартоли (Квебек, 2006), Агнешка Радванска (Сиднеј, 2013), Симона Халеп (Букурешт, 2016) и Ига Швјонтек (2021).