
Несекојдневен инцидент во полициската станица во Крушево – полицаец останал без службениот пиштол и 13 куршуми, откако непознат сторител го испразнил металниот шкаф каде што чувал опрема.
Според пријавата поднесена на 1 март, кражбата се случила во период од неколку месеци, од 31 октомври 2024 до 1 март 2025 година. Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како е можно оружје да исчезне од полициска станица? Истрагата ќе треба да даде одговор.