Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Новата седмица ни носи пролетни температури дури до 22/23 степени!

02/03/2025  12:13

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на новата седмица која е пред нас, особено пак од средината на истата па во деновите потоа, нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и во поле на висок воздушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација времето ќе биде сончево, повремено со сосема мала  и локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопје  и околината во текот на новата седмица не очекува стабилно, суво, сончево и многу потопло време, особено од среда.

Што се однесува до температурите, тие преку ден значително ќе пораснат како што и претходно кажав и максималните дневни температури од среда па во деновите потоа ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22/23 степени. Во Скопје пак температурата ќе се искачи до околу 20/21 степен.

Да напоменам дека утрата ќе бидат поладни, но не премногу, па така наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата.