Две лица повредени во еден од двата пожари во кои вчера опожарија две семејни куќи во Куманово.
– На 28.10.2024 во 18.13 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што потенцираат од полицијата, две лица се здобиле со повреди кои биле констатирани во Ургентен центар Куманово.
Интевенирале седум пожарникари со едве противпожарни возила во период од 17:55 до 19:50 часот.
Нешто пред 17 часот на улицата „Иван Милутиновиќ“ исто така избил пожар во семејна куќа, информираа утринава од Регионалниот центар за управување со кризи.