Skip to main content
Хроника

Автобус на ЈСП удрил пешак

01/03/2025  11:25

На 28.02.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков” и ул.„Петре Ѓорѓиев” во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.