Skip to main content
Македонија

Денес (петок 28 февруари) на повеќе места врнежливо, локално поројни и со услови за појава на грмежи!

28/02/2025  09:25

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на денешниот ден во Македонија ќе имаме променливо време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Локално пак, особено во западните  и во северните предели врнежите ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи.

Во Скопје денес (петок 28 февруари) ќе има повремен дожд, а во делови од котлината можно е да има поројни врнежи, проследени со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, што значи дека тие ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината. Во Скопје максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до околу 15 степени.