
Калиопи никогаш поемотивна во вечерашното гостување во „Ништо Лично“ кај Антонио Димитриевски.
На новинарот пред многу години му ја открила тајната за една од нејзините најпознати песни „Месечина“, па ја отворија темата за синот Пако, за кој Калиопи многу ретко зборува во јавноста.
-На едно друго интервју пред многу години ми кажа за песната „Месечина“. Вели „Само си ти месечина под ова небо што ме покрива“. Всушност приказната е кога вашиот син Пако бил малечок, ти си му рекла „Сине, ти си сонце мое“, а тој рекол „мамо, ако сум јас сонце, ти си моја месечина“. И така настанале стиховите, рече Димитриевски.
-Така е. Многу точно. Тука не застануваше приказната на Пако. Пако велеше „мама, мама, види ја месечината“. Јас трчам на балкон и велам „ја гледам сине“. „Што мислиш мама, има ли таму луѓе“? „Па нема сине луѓе, може по некој космонаут од време на време“. И на крај ќе праша „А Кока-Кола“? Ама за него тоа беше поим, дека е нешто многу далечно, а толку моќно и за него беше тоа поим за љубов. Така се роди „Месечина“. И никаде го немав кажано, освен кај тебе и се сеќавам дека луѓето сами некако си ја сфатија мојата приказна дека е тоа е една моја интимна приказна за моето дете, рече Калиопи.
Извор: Курир