Skip to main content
Хроника

Нова фатална сообраќајна несреќа со смртни последици вечерва во Македонија

26/02/2025  22:10

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот на патот Битола-Прилеп, а неофицијално се јавува дека во несреќата има една жртва.

Сообраќајната несреќа се случила кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пума на „Макпетрол“.

Од 21:45 часот нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп што претходно во 20:10 часот беше пренасочен по стариот пат од Битола до Прилеп поради случена сообраќајна незгода со жртва, информира АМСМ.