Skip to main content
Хроника

Угостителска работничка со тешки повреди пренесена во болница

26/02/2025  15:49


На 25.02.2025 во 18.33 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена И.М.(36) од с.Четирце, кумановско. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Карпош. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и за настанот бил известен трудов инспектор.