Skip to main content
Балкан

Додик осуден на една година затвор

26/02/2025  15:35

Судот во Босна и Херцеговина го прогласи за виновен претседателот на Репубика Српска Милорад Додик и го осуди на една година затвор и шест години забрана за занимавање со политика. Директорот на Службен весник Милош Лукиќ е ослободен од обвиненијата.

Додик, ниту неговиот адвокат, не присустува на изрекувањето на пресудата. Додик беше со Собранието на Република Српска во тој момент, а веднаш потоа им се обрати на насобраните приврзаници кои беа собрани пред зградата.

Додик е осуден за поткопување на уставниот поредок на БиХ и непочитување на членот 8 од Дејтонскиот договор