Skip to main content
Македонија

Спасовски: Борис Трајковски останува незаборавен како симбол на вистинско лидерство

26/02/2025  09:08

Пратеникот Оливер Спасовски се огласи на својот официјален профил на Фејсбук, оддавајќи почит на поранешниот претседател Борис Трајковски, по повод 21 година од неговото трагично заминување.

„Борис Трајковски останува незаборавен и по 21 година како симбол на вистинско лидерство, што го негуваше и промовираше во еден исклучително тежок период. Во сите свои дејства, тој ги поддржуваше соработката и помирувањето, за што беше признат од народот, политичарите и дипломатите, домашните и странските лидери,“ напиша Спасовски.

Тој го истакна значењето на Трајковски како државник кој, во време на тешки транзициски процеси, успеал да го одржи мирот, да ги зацврсти меѓуетничките односи и да се посвети на демократските вредности и евроатлантската ориентација.

„Неговата визија за иднината на Македонија останува пример за вистинско лидерство. Нека му е вечна слава!“ додаде Спасовски во својата објава.