Skip to main content
Музика

BRYAN ADAMS СО ‘’BARE BONES TOUR’’ BEST OF – ACOUSTIC ВО СКОПЈЕ ЕКСКЛУЗИВНО САМО ЗА 2.500 ПОСЕТИТЕЛИ

25/02/2025  17:34

Задоволство ни е да Ви најавиме дека еден од најголемите светски хитмејкери на сите времиња, BRYAN ADAMS, доаѓа во Македонија со ексклузивен концерт за само 2.500 посетители, на 27 април во СЦ Јане Сандански, информираат денес од Авалон продукција.

Тешко се наоѓаат клише реченици да се најави и објасни следниов “once in a lifetime” проект кој ни следува.

Bryan Adams e реално во А листата на светски изведувачи.

Има повеќе од 20 хит сингла и неколку големи милионски албуми.
Последните албуми му се одлични.
Настапува низ цел свет во најголемите концертни сали.

Се наоѓа во листата на топ 10 најпуштани артисти на сите времиња, на глобално ниво.

Bryan Adams има еден live албум, ‘’Bare Bones’’ со акустична ‘’best of’’ програма, која ја свири само десетина пати во годината, за негова душа, а на огромно задоволство на неговите најголеми фанови.

Ги слушаме “Heaven”, Summer of ’69”, “Please Forgive Me”, “All for Love”, “Have You Ever Really Loved a Woman”…и мнооогу други.

Само BRYAN ADAMS на гитара, проследуван од неговиот долгогодишен пријател и пијанист, Gary Breit за 90 минутни чисто емоционално и катарзично музичко искуство.

Глас, гитара, пијано и чиста емоција.

Е, токму тоа ќе може да го доживеат само 2.500 среќни луѓе на 27 април во Скопје, на без конкуренција најексклузивниот и најголем музички настан оваа пролет во Македонија!

Поради типот на програмата, салата ќе биде редуцирана и сите влезници ќе бидат за седење.

Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (27 февруари) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk.

Сите информации околу цените на влезници и категории ќе бидат објавени денес во 19 часот на нашите платформи, додаваат од Авалон.