Skip to main content
Магазин

Брајан Адамс на ексклузивен концерт за само 2.500 гледачи на 27 април во Скопје

25/02/2025  14:33

Еден од најголемите светски хитмејкери на сите времиња, BRYAN ADAMS, доаѓа во Македонија со ексклузивен концерт за само 2.500 посетители, на 27 април во СЦ Јане Сандански!, соопши организаторот.

Тешко се наоѓаат клише реченици да се најави и објасни следниов “once in a lifetime” проект кој ни следува.

Bryan Adams e реално во А листата на светски изведувачи.

Има повеќе од 20 хит сингла и неколку големи милионски албуми.

Последните албуми му се одлични.

Настапува низ цел свет во најголемите концертни сали.

Се наоѓа во листата на топ 10 најпуштани артисти на сите времиња, на глобално ниво.

Bryan Adams има еден live албум, ‘’Bare Bones’’ со акустична ‘’best of’’ програма, која ја свири само десетина пати во годината, за негова душа, а на огромно задоволство на неговите најголеми фанови.

Ги слушаме “Heaven”, Summer of ’69”, “Please Forgive Me”, “All for Love”, “Have You Ever Really Loved a Woman”…и мнооогу други.

Само BRYAN ADAMS на гитара, проследуван од неговиот долгогодишен пријател и пијанист, Gary Breit за 90 минутни чисто емоционално и катарзично музичко искуство.

Глас, гитара, пијано и чиста емоција.

Е, токму тоа ќе може да го доживеат само 2.500 среќни луѓе на 27 април во Скопје, на без конкуренција најексклузивниот и најголем музички настан оваа пролет во Македонија!

Поради типот на програмата, салата ќе биде редуцирана и сите влезници ќе бидат за седење.