Skip to main content
Спорт

Баја Маре од Романија противник на Алкалоид во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп

25/02/2025  12:00

Екипата Баја Маре од Романија ќе му биде ривал на Алкалоид во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

MK Summit

Ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров првиот натпревар треба да го играат на гости на 22/23 март, реваншот во Скопје на 29/30 март. 

Другите три двојки за четвртфиналната фаза се:
АЕК – Партизан
Олимпијакос – Рунар и
Хаукар – Извиѓач.

Доколку Алкалоид го помине романскиот тим, во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двомечот меѓу Олимпијакос и Рунар.