Војдан Стојановски потпиша за МЗТ Скопје

Освојувачот на двојната круна во макбаскетот, МЗТ Скопје во вториот дел од сезоната ќе биде посилен за македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.

Војдан потпиша со „металците“ до крајот на сезоната и ќе претставува огромно засилување за тимот од Аеродром во битката за трофеите во мак баскетот, но и за настапите во АБА2 лигата. Првиот дел од сезоната, тој не играше кошарка бидејќи се опоравуваше од повредата на коленото.

За Војдан Стојаноски потписот за МЗТ Скопје, воедно претставува враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, откако во 20111 година потпиша за Черкаси Мавпи.

Потоа во кариерата играше и за Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин. Претходно Војдан Стојановски има играно за Вардар, АМАК-СП, Напредак Крушевац и за Фени индустри, а сега во МЗТ Скопје ќе настапува заедно со својот брат-близнак, Дамјан.

Треба да знаете
Последни објави