Skip to main content
Свет

Рјабков: Брзиот прекин на огнот во Украина без долгорочно решение е неприфатлив за Русија

24/02/2025  10:01

Русија ги препознава напорите на САД за придвижување кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа е неприфатливо за Москва и се заканува со сериозни последици за односите меѓу двете земји, ја пренесоа утринава руските медиуми изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рбјаков денеска изјави дека може да ја препознае желбата на американската страна да се придвижи кон брз прекин на огнот.

-Но, прекинот на огнот без долгорочно решение е начин за брзо продолжување на борбите и продолжување на конфликтот со уште посериозни последици, вклучително и последици за руско-американските односи. Ние не го сакаме тоа, рече тој.