
На неколку месеци пред локалните избори, 24инфо.мк продолжува да го проверува расположението на граѓаните.
Викендов во скопски Аеродром, ги прашавме граѓаните колку се задоволни од локалната и градската власт.
Соговорниците се делумно задоволни од работата на општината и Градот.
Нивните најголеми забелешки се за чистотата, дотраената урбана опрема и недовршените проекти.
„Ако не е средено, ако има ѓубре, ако се дозволуваат згради кои го гушат воздухот, како може некој да биде задоволен?“ вели еден граѓанин.
„Јас живеам во Горно Лисиче, долго време се влече изградба на одредени патишта, три четири месеци не доаѓаат да ги направат“ вели друг граѓанин, додека трет смета дека и локалната и градската власт се добри и „си ја работат својата работа“.
Во поглед на задоволство од конкретен градоначалник, еден граѓанин го издвои екс градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, додека друг го издвои актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Георгиевски.