Skip to main content
Македонија

Следува облачно време во Македонија, по котлините со услови за магла, а во источните предели ќе врне снег!

24/02/2025  08:32

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (24 февруари понеделник) и утре (25 февруари вторник) во Македонија ќе имаме значителна облачност, а ќе биде претежно тивко и без ветер, со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините, особено во ноќните и во утринските часови. Ќе има и локални слаби врнежи од дожд на ниските места (градовите), додека на повисоките населени места, планинини и секако на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.

Особено во источната половина од нашата Република Македонија, послаби врнежи од снег ќе има и во дел од градовите.

Во Скопје  и околината времето ќе биде претежно облачно и без ветер, а во ноќните  и во устинските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 2 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу, а особено утре (25 февруари вторник) и за некој степен над 10 степени.