
Власта направи преседан и за првпат во историјата на Македонија ги остави најкритичните пациенти во субстандардно интензивно лекување и без можност да добијат најспецифична интензивна нега, поради реновирање кое може да потрае и 9 месеци според договорот што го склучиле, а за кој не ја информираа јавноста, шишува Слободен печат
По ваквата ситуација се отвора прашањето дали животите на пациентите се загрозени поради нефункционалноста на системот и дали ова реновирање ќе остави долгорочни последици по здравјето на граѓанитета за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Ова доаѓа како директна последица на реновирањето на КАРИЛ, кое според договорот може да трае дури девет месеци, оставајќи ги најтешките пациенти во состојбаа на неизвесност.
Како што дознава Слободен печат, во многу регионални болници нема одделенија за интензивна нега, што значи дека пациентите кои во нормални околности би биле транспортирани во Скопје, сега се принудени да останат во установи кои немаат капацитет да ги третираат.
Јавноста реагира на оваа одлука како на непромислен и опасен потег од страна на Министерството за здравство. Недостигот од транспарентност околу процесот на реновирање и отсуството на алтернативни решенија дополнително ги загрижува граѓаните и стручната јавност.
Некои од пациентите ќе ги преземат ГОБ ‘8 Септември’, Хируршката клиника ‘Св. Наум Охридски’ и Клиниката за неврохирургија во согласност со изготвениот интерклинички план, а во соработка со Министерството за здравство. Во согласност со планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи“, се нагласува во информацијата.
Но дали тоа ќе биде доволно имајќи ги предвид ограничените капацитети на конкретните здравствени установи.