Skip to main content
Забава

Сашко Коцев на Бубамара: Грбот не го чепкајте само додадете малку загадено и шишиња во водата

20/02/2025  17:34

Вчеравечер се одржа најновото 28мо издание на најпопуларната манифестација во државава, Златна Бубамара на популарноста. Иако се најавуваше дека оваа година ќе трае три часа, како и секогаш траеше подолго па заврши некаде после полноќ, но се разбира присутните имаа што да видат.

Додека некои беа дојдени за музика и награди, традиционално најмногу се очекуваше појавувањето на Сашко Коцев и хумористичниот дел од манифестацијата за што добија и најмногу аплаузи. Покрај Сашко на сцената излегоа и Тино Костадиновски и Жарко Јовановиќ.

Годината беше турбулентна па затоа имаше и што да се зборува, од политички партии до грипот и загадениот воздух.

Не беше поштеден ниту еден политичар, ниту сегашен, ниту поранешен. На тапет секако беше и премиерот Мицкоски со неговото присуство на инаугурацијата на претседателот Трамп, на што се пошегуваа дека можеби ја следеше и Златна Бубамара на популарноста во ВИП ложата, но во салата Јане Сандански во Аеродром, алудирајќи на далечината на која седеше во салата во Вашингтон.

Коцев се осврна и на проблемот со промената на грбот и истакна дека нема потреба да се менува, освен да се додаде магла и загадување со сонцето и некое шише отпад во водата претставена на грбот.

Наталија Јосифоска