
Повторно угинаа животни во скопската Зоолошка градина. „Скопје1“ дознава дека станува збор за над пет берберски овци. Од Зоолошката градина ја потврдија информацијата, и посочуваат дека се сомневаат на труење. Берберските овци угинале пред шест дена.
Во вторникот, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест. Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки“, велат од Зоолошката градина.
Прашани за причината за смртта, велат дека тие се отруени.
„Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните, додаваат од ЗОО Скопје.
Во изминативе над три години, угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, имаше кланица со расните коњи. Евтаназирана беше и слоницата Дуња.