Skip to main content
Хроника

Снегот предизвика хаос – Две сообраќајки утрово во Скопје

17/02/2025  12:03

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот. Само на подрачјето во Автокоманда на влажните коловози се случија две сообраќајни несреќи.

Во судирите учествувале неколку возила, а лизгавите и влажни коловози значително ја отежнале контролата на возилата, што придонело за настанување на несреќите.

Денеска во 09.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинска пумпа, на влез во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки. До овој момент нема пријава за повредени лица. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, информираа од МВР.

Исто така утрово во 09.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, „форд фокус“ со бугарски национални ознаки и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки. До овој момент нема пријава за повредени лица. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, стои во билтенот на МВР.