
21-годишник од велешко е тешко повреден откако се превртел со трактор.
На 16.02.2025 во 19.29 часот во СВР Велес, од Општата болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С.(21) од село Бузалково, велешко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 17.30 часот во селото при превртување на тракторот, кој го управувал во селото, соопштија од полицијата.