Skip to main content
Хроника

Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице

17/02/2025  10:24

На 16.02.2025 околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко” со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица.

При контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик.