Лазаров го скрати списокот за баражите со Романија

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го скрати списокот со ракометари на кои ќе смета за бараж двомечот со Романија, овој месец. Од почетните 35, останаа 20 плус тој самиот и во тој состав ќе тренираат почнувајќи од 13 март.

Кога веќе ги имаше на широкиот список, јасно беше дека Лазаров и Филип Миркуловски ќе се најдат и на потесниот и дека нивната репрезентативна кариера ќе продолжи. Ќе им бидат потребни на помладите, во ситуација кога има два хендикепа со повреди. Веќе подолго време отсутен е Дејан Манасков по операцијата на коленото, а од слична причина отсутен е и Мартин Велковски.

Покрај нив, нема други позабележителни отсуства, освен Бојан Маџовски, првото лево крило на Пелистер, кое го немаше ни на широкиот список. Тука се и најмладите, како Марко Митев и Игор Ѓорѓиев на позицијата среден бек.

Романија прво ѝ гостува на Македонија на 17 март, а два дена подоцна играме на нивен терен. Победникот од овој двомеч во април ќе игра во второто коло од баражот, против Чешка, за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави