Skip to main content
Македонија

Викендов ќе имаме повисоки температури и попријатно време!

15/02/2025  09:42

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на викендов во Македонија ќе имаме малку повисоки температури на воздухот и попријатни температури на воздухот. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Само локално ќе има услови за сосема слаб дожд, а на високите планини услови за сосема слабо провејување на снег.

Во Скопје  и околината времето викендов  ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 12 степени.