Професорот Гордан Калајџиев со остра реакција се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, по повод оставката на Комисијата за помикување, каде што и тој беше член.
“Комисијата за помилување не призна грешка како што тврди Мицкоски.”
Ова е коментарот на Фејсбук поставен од страна на професорот Гордан Калајџиев, а како одговор на изјавата на премиерот дека жив човек кој што работи знае и да погреши.
Калајџиев вели дека не станува збор за грешка туку во прашање се принципи. По острите реакции во јавноста за одлуката за помилување, со која беа опфатени и лица со дебело криминално досие, комисијата поднесе колективна оставка, а според премиерот Христијан Мицкоски добро е кога ќе се констатира грешката да се преземе одговорност.
Претходно за колективната оставка на Комисијата информираше исто така професорот Гордан Калајџиев на Фејсбук, наведувајќи дека оставката ја поднесуваат од лични и професионални принципи.
Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова информираа дека претседателката ја прифатила оставката и дека во следниот период ќе изврши консултации за нов состав, како и за институционалните и законски слабости што постојат во системот за помилување на осудени лица.