Skip to main content
Свет

Осумгодишно девојче убиено во напад со нож во училиште во Јужна Кореја

10/02/2025  15:23

Осумгодишно девојче е убиено во напад со нож во основно училиште во градот Даеџон, а наставничка е повредена, јави денеска новинската агенција „Јонхап“.

Нападот наводно се случил на вториот кат од училиштето околу 18 часот по локално време.

Девојчето било пренесено во болница без свест, но им подлегнало на повредите.

Повредената наставничка била прободена со нож во раката и вратот, но е свесна.

Полицијата почна истрага за инцидентот.