![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/brza-pomos-1.webp)
Вчера во полициската станица во Делчево било пријавено дека во 14:15 часот се случила сообраќајна несреќа на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон с.Ѕвегор.
„Имено 54-годишниот Љ.И. од од с.Ѕвегор, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал“, информираат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.