Дигиталната трансформација и вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе стануваат клучни фактори за развојот на економијата, образованието, правото и општеството во целина.
Фондацијата Конрад Аденауер организира настан „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција – предизвици и можности„ што ќе се одржи денеска во Клубот на новинари Скопје со почеток во 14:00 часот.
Како што информираат од Фондацијата „Конрад Аденауер“, на настанот ќе се дискутира за најновите трендови, можностите за развој, како и предизвиците што ги носи оваа технолошка ера, поаѓајќи од правните и етичките аспекти поврзани со употребата на ВИ, како и можностите што ги нуди вештачката интелигенција во образованието и медиумите
Настанот ќе го отвори Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауер, а учество со свои излагања ќе имаат Александар Спасеновски Професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје, Драган Секуловски, Директор на Здружението на новинари, Сашо Кокаланов, Вонреден Професор на Факултетот за драмски уметности -Скопје, Иван Јованов, Извршен директор ЛЕАД и Перица Сарџоски, Директор за настава и соосновач на Пегасус ЕЛС, Тетово.