Skip to main content
Македонија

Изборна година, се подготвуваат партиите, но се се подготвуваат и гласачите

09/02/2025  20:01

Пишува: порф. д-р Иван Анастасовски

Оваа 2025 година исто како и 2024 година ќе биде изборна година за нашата држава. За разлика од предходните овој пат треба да избираме локални владетели или градоначалници. Терминот градоначалник делува дека мажите во старт ја имаат доминацијата над жените во однос на оваа реално престижна општествена функција. Имам чувство дека моторите на политичките паритии се веќе запалени, со што настојуваат да ја подигнат мотивација кај нивните членови на едно повисоко ниво се со цел да бидат подготвени за чинот на агитација за своите кандидати. Во исто време и кујните почнуваат да ја загреваат атмосферата не бере се ресторани со три мишелин звезди.

Како се функционира во период на избори, иако октомври е се уште далеку, кујните припремаат терен за своите кандидати, а во исто време и ги активираат членовите да промовираат (традиционално) од кафана во кафана од кафиќ во кафиќ одредени имиња со цел да ги тестираат своите истомисленици како им е расположението за своите адути. Она што секогаш е оствено по страна во изборните години е тоа дека сакале или не општествениот систем нема да финкционира, ќе запрат согласно законите исплатите на одредни финансиски додатоци за луѓето и компаниите за спортистите итн., што од една страна ќе нема простор за развој, но од друга ќе има храна или забава за масите. Во услови кога се уште не е завршена последна фаза од фискалната децентрализација со комплетно превземање на даноците од страна на општините и нивните моќници кои би требало да имаат целосна контрола над даночната политика, што може да биде ризично за многу од мали и нефункционални општини. Тука пред се не мислам на општините Илинден, Гази Баба или Кавадарци кои имаат многу сериозни компании на своја територија (кои воедно го полнат и државниот буџет) што во иднина ќе им биде голема предност на овие општини пред се од финансиски аспект. Ајде да тргнеме од таа одговрност во иднина на пример: јас сум на став дека е добро по примерот на парламентарните избори да се воведе со закон секој трет кандидат за градоначалник делегиран до партии да биде жена, да им дадеме можност на нив и на локално ниво како што имаат можност и на централно ниво, па наместо шериф да избереме “шерифка“.

Во последниот период многу силно се профилираат, (само)промовираат одредени личности од нашиот општествен живот, додека партиите анкетираат за свои внатрепартиски потреби кандидати а при тоа не водејќи сметка за тоа дали тие што ги протажираат како “цврсти“ партиски карди се интересни за општата јавност наспроти “партијашите“ кои реално мора да агитираат за “цврстите-проверени“ кадри. Исто така, може е време и да се обидеме со признати стопанственици како можни кандидати кои да бидам прецизен пред се се докажани во водење на бизнис и промовирање на претприемачки перформанси, тука ќе бидам прецизен и ќе го посочам примерот со г-дин Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци кој е неприкосновен во своето општествено функционирање во инетерес на своите граѓани на Каварадци, а со самото тоа неговиот мандат или (ре)избор не е доведен во прашање. Денес, многу храбро и со реално сигурна изјава на премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа децидно дека тие ќе ги добијат престојните локални избори убедливо, што во овој случај или во ваква консталација на односи е сосема реално, но сепак да не заборавиме и тоа дека и партијата СДСМ се прашува за нешто, иако тие се уште се во депресија (од последниот изборен резултат) што не значи дека не е во можност да извлечат поволен резултат на престојните локални избори.

Впрочем тие и денес имаат 16 актуелни градоначалници што им дава некоја надеж (само нека ја променат бојата на партијата во плава како и што доликува) дека ќе имаат одреден број на свои градоначалници во периодот 2025-2029 (под услов серионо да ги селектираат потенцијални кандидати). Она што е ново и интересно да се спомене е позицијата на движењето ЗНАМ на градоначалникот Максим Димитриевски кои според мене претендира да има повеќе градоначалници, но тоа е поврзано со фактот дали ќе успеат да постигнат пред-коалициски договор со нивниот партнер ВМРО-ДПМНЕ што би можело да резултира со 4 помали и една голема општина или во крајна линија задржување на општината Куманово која веќе се брои како политички капитал на ЗНАМ. Е токму тука во традиционално левичарското Куманово ќе биде големот политички влог за сите политички чинители па дури и оние од албанскиот политички кампус, каде што нивните гласови може да имаат сериозен импакт над изборниот резултат за градоначалник на општина Куманово.

Сепак, останува да видиме во наредниот период дали политичките партии ќе одат со старите “проверени“ кадри или пак ќе понудат нешто ново како освежување за гласачите, зашто навистина е важно за тоа кој ќе ги раководи општинските буџети (каси) во идниот период, а воедно тоа ќе биде и првиот тест за партиите после парламентрните и претседателските избори каде се во мометов и колку луѓето им веруваат.