Skip to main content
Живот

Идеален за оние кои се плашат од јаглехидрати – Рецепт за здрав леб

09/02/2025  10:45

Ако внимавате на вашата тежина и се обидувате да се храните поздраво, но тешко ви е да се откажете од лебот, пробајте го овој, чии главни состојки се сирење со малку маснотии, овесни снегулки и семки.

Покрај тоа што е воздушест, сочен и вкусен, овој високопротеински леб ќе ве држи сити долго време. Слободно појадувајте го со пржени јајца или омилената шунка, намачкајте го со намаз од сирење или ставете авокадо што штотуку го посипавте со малку сол и бибер.

Состојки: 300 гр посно сирење, 100 гр мелени бадеми, 100 гр сечкано ленено семе, 125 гр мелени овесни снегулки, 1 лажичка сол, 6 гр прашок за пециво (половина кесичка), 8 белки, 2 лажици сусам, 2 лажици семки од тиква (по избор), 2 лажици семки од сончоглед (по избор).

Подготовка: Во длабок сад измешајте ги сувите состојки: мелените бадеми, сечканиот лен, овесната каша, сусамот, солта, прашокот за пециво и семките. Додадете лесно запенети белки и урда и добро измешајте.

Долга тава за леб обложете ја со хартија за печење и распоредете ја смесата. Израмнете со лажица, посипете уште малку сусам, па ставете во загреана рерна на 180 °C и печете 50-60 минути. Кога лебот ќе се испече, распоредете го на решетка за ладење и оставете го да се излади пред да го исечете.