Skip to main content
Uncategorized

Уапсен 45-годишен скопјанец – нападнал полицаец на должност

08/02/2025  17:13

Полицијата вчера уапси 45-годишен скопјанец откако нападнал полицаец кој бил на должност.

„На 07.02.2025 во 11.55 часот во Скопје, пред трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(45) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, извести полицијата.

По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава за напаачот на полицаецот.