Skip to main content
Свет

Американската осигурителна компанија исплатува 1,1 милијарда долари поради шумските пожари во Калифорнија

08/02/2025  08:37

Американската осигурителна компанија Allstate Insurance соопшти дека ќе плати 1,1 милијарда долари (1,65 милијарди евра) за штетите предизвикани од пожарите што ја зафатија Јужна Калифорнија во јануари.

Иако исплатата е доста висока, компанијата вели дека успеала делумно да ги намали загубите со повлекување од пазарот во Калифорнија, јави Си-Ен-Ен.

Износот што треба да го плати Allstate е сè уште мал дел од вкупните побарувања за осигурувања по јануарските пожари во Калифорнија, бидејќи би требало да се обесштетат сопствениците на 16.600 недвижнини, а истражувачката компанија CoreLogic, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, вели дека тоа може да чини помеѓу 35 и 45 милијарди долари.

Многу осигурителни компании, вклучително и Allstate, ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи поради зголемената опасност од шумски пожари во многу области на Калифорнија, оставајќи ги со поскапи и често ограничени алтернативи.

Компанијата Allstate пријави профит од 2,1 милијарди долари (2,03 милијарди евра) во четвртиот квартал, што е за 34 отсто повеќе од претходната година.