![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250206120605_big_730x400_6.webp)
Шумски пожар во хрватската област Истра зафати стотици хектари трева и ниска вегетација, а пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија, пренесува хрватскиот портал Индекс.
Пожарот избувнал вчера попладне и, поттикнат од силен ветер, се проширил кон околните ридови. Иако е под контрола, огнот сè уште не е изгаснат.
– Ветерот ослабна, но сè уште ни создава проблеми. Наш приоритет е заштитата на селата Јасеновик и околните населби, кои засега не се загрозени, изјави командантот на противпожарните сили во општината Козлевац.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 70 пожарникари со 25 возила, како и екипи од шумското стопанство и природниот парк „Учка“. За денеска е најавено пристигнување на два противпожарни авиони за справување со огнот во непристапните подрачја.