Skip to main content
Хроника

На бензинска пумпа пред Куманово уапсен скопјанец – пронајден пиштол кај него

06/02/2025  12:04

Вчера околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода 28-годишниот А.Б. од Скопје.

При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“.

Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.