Skip to main content
Скопје

Поради дефект без вода останаа делови од четири скопски општини

06/02/2025  11:28

Без вода денеска од 9 часот се дел од корисниците од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-400 на улица „Џон Кенеди“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.