Skip to main content
Балкан

Освен во Загреб, дојави за бомби во училишта во уште два града во Хрватска

06/02/2025  09:46

Училишта во Пожега и Чаковец денеска добија дојави за можна поставеност на експлозивни направи, јавија хрватските медиуми. „На локациите се испратени полициски службеници за преземање дополнителни мерки“, велат од Пожешката полиција. Полицијата ги повикува граѓаните да останат смирени и трпеливи додека трае истрагата. Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на полициските проверки.

Претходно утринава беше објавено дека училишта во Загреб добиле дојави за поставени експлозивни направи.